"Sloboda (Слобода)" lyrics
"Sloboda (Слобода)"
Од брзање забавени
Од стоење задишани
Доживотно налутени
И такви сме си среќни сме намуртени
Од дождови измиени
Од ветришта исушени
Ко цветови од пластика без мириси
Нека оди се што не чини низ водата, нека оди низ вода
Нека биде ова песна за слободата, слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Од вистина избегани
Од среќата натажени
Во бездната истурени
И такви сме си среќни докусурени
На сцената го играме
Театарот на апсурди
Во својата депресија уживаме
Нека оди се што не чини низ водата, нека оди низ вода
Нека биде ова песна за слободата, слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
Нека оди се што не чини низ водата, нека оди низ вода
Нека биде ова песна за слободата, слобода е во мода
Слобода е во мода
Слобода
Слобода е во мода
- AZLyrics
- T
- Tamara Todevska Lyrics